Стрес на работа, стрес дома, стрес кога сакате да симнете некој килограм , стрес насекаде.
За да немате додатни стресови од диетата препорака е да не држите воопшто диети, јадете здраво, пред се вкусно, многу зеленчук и овошје и ќе се чувствувате подобро, повитално без сиот тој стрес и чувство на вина кога ќе каснете нешто “забрането”.
Храната може да го ублажи стресот на повеќе начини. Лесната храна, од типот на топла овесна каша може да ги поттикне нивоата на серотонин, хемикалија која делува смирувачки врз мозокот. Друга храна, пак, може да ги намали нивоата на кортизол и адреналин, стрес хормони кои со текот на времето можат да се одразат врз организмот.
Здравата исхрана може да му се спротивстави на стресот со тоа што ќе го обнови имунолошкиот систем и ќе го намали крвниот притисок.
Се смета дека дури 75 % од посетите на лекар се поврзани со стресот кој е причина и за понатамошната појава на разни болести.
Основни симптоми на стресот се постојаниот замор, депресијата, анксиозноста, чести промени во расположението како и дигестивни проблеми.
Како идеално решение за ваквата состојба често се препорачуваат редовно вежбање, прошетки во природа, масажа, јога, но исто така она што ќе избереме да го вклучиме во нашата исхрана има големо влијание во намалувањето на стресот.
Видови храна за намалување на стресот: смирете ги истрошените нерви со вашиот омилен чај, магнезиумот во блитвата и другите зелјести растенија помага во балансирање на кортизолот, хормон за стрес, масните омега 3 киселини во рибата како лосос, сардини и туна го регулираат нивото на адреналин помагајќи ви да бидете смирени, моркови, млеко, јогурт, ореви, темната чоколада може да го намали нивото на хормони за стрес.