Доколку нема процес на коагулација, каква било повреда на крвниот сад може да доведе до фатално крварење. Каскадата за коагулација е комплициран процес и ги спасува нашите животи секогаш кога ќе се исечеме или удриме.
Целта на коагулацијата е формирање на тромб што ќе го заглави повредениот крвен сад и со тоа ќе спречи крварење.
КОВИД 19, Се покажа дека кога ќе влезе во организмот, има и прокоагулантен ефект, односно го турка целиот процес во насока на коагулација. Овој ефект не е огромен, самиот вирус нема да предизвика тромбоемболија, но ако има дополнителни фактори на ризик, тогаш веројатноста се зголемува.
Ретроспективни студии покажаа дека без антикоагулантна терапија, најмалку 3% од оние третирани во болница развиваат венска тромбоемболија. Во единиците за интензивна нега, овој процент би бил уште поголем, бидејќи тежината на болеста го зголемува ризикот од тромбоза.
Улогата на д-димерот е да процени дали треба да се воведе терапевтска доза- тоа е само помошен фактор.
Д-димерот се формира на крајот од процесот, кога веќе е формиран тромб. И кога станува збор за тромбоза, тогаш доцниме со превенцијата. Сепак, д-димерот е толку неспецифичен што само покачената вредност не значи дека има тромб.
Постарите луѓе имаат „нормално“ покачени вредности на Д-димери, поради „кршливи“ крвни садови. Самиот Д-димер е маркер на воспаление и расте со воспаление. И КОВИД е меѓу другото воспалителна состојба и затоа е можно да се има покачен д-димер со КОВИД без воопшто тромбоза.
Главниот ризик со антикоагулантна терапија е процесот на коагулација да не се прошири на другата страна и да доведе до крварење. Ако има крв на носот, тоа не е страшно. Но, ако крварењето започне во стомакот или во внатрешноста на мозокот, тогаш тоа е огромен проблем.
Не ги земајте тие лекови самостојно.
Лесните форми на КОВИД, кај пациенти кои нема да поминат 24 часа во кревет, без дополнителни фактори на ризик, немат потреба од оваа терапија – тие би имале само ризик од крварење. И затоа не би било правилно секој пациент да го користи, лекарот треба да го процени тоа.