Говорот претставува функција која ја поседува човекот како живо суштество, која што му овозможува да се разликува како единка од останатите видови. Претставува важен фактор во растот и развојотна личноста и нејзината социјализација.
Говорот се учи по пат на имитација, низ периодот на органско и искуствено созревање, не е наследен.
Говорниот апарат е составен од органи за фонација.
-Органи кои учествуваат во создавањето на гласот (генератор (ларинкс или грклан) и резонатор (фаринкс или ждрело, усна и носна празнина)), органи кои што учествуваат во формирањето, развојот и одржувањето на говорот т.с ЦНС (невровегетативен систем, периферен нервен систем, сетила, ендокрин систем).
За да може човекот да произведе глас мора да постои синхронизација и координација меѓу говорните органи, нормална анатомија и физиологија на дишните органи, нормални процеси на вдишување и издишување и доволна количина на воздух.
Процес на артикулација: Вдишаниот воздух со подигање на дијафрагмата се истиснува низ белите дробови, бронхиите и душникот и стиснува до ларинксот (генератор на гласот), во неговиот средишен дел се наогаат гласните жици кои се специјализирани за создавање на звук. Звукот патува нагоре и кога доаѓа до резонаторите (фаринксот, усната и носната шуплина) добива боја и гласност. Јазикот има клучна улога во просецот на артикулација, тој овозможува гласовите да бидат правилно изговорени и да се одликуваат со добар квалитет.