Назофарингит е воспаление на слузницата на назофаринксот и во основа воспаление на заразна природа. Обичната настинка, позната и како назофарингитис е заразна болест која лесно се шири на горниот респираторен систем, што се одразува главно кај носот. Симптомите вклучувааат кашлица, болно грло, растечен нос (ринореја) и треска. Симптомите обично се губат за седум до десет дена. Некои симптоми сепак може да траат и до три седмици. Над двесте вируси можат да предизвикаат настинка.
Симптомите на обична настинка се комбинација на:
• Затнат нос, со секрет кој на почетокот е бистар
• Кивање
• Болка во грлото
• Кашлица
• Главоболка
• Чешање и црвенило на очите
• Оток на лимфните жлезди на вратот
• Покачена температура (повремено), гадење, недостаток на апетит и повраќање.
Нема лек против обична настинка и нема специфичен третман со кој настинката ќе трае пократко, но можат да се намалат симптомите како затнат нос, со капки за нос, покачената температура и сл.
• При покачена температура најчесто парацетамол е сосема доволен
• Треба да се пијат течности во голема количина и да се избегнуват алкохолни пијалоци.
• Капки за нос се сосема добри за отстранување на непријатното чувство на затнат нос и притисок во предниот дел на главата, како и за намалување на ризикот од инфекција на синусите, одмор.
Антибиотици, нема воопшто да помогнат, напротив, може да ја нарушат нормалната бактериска флора и да ја зголемат отпорноста на патогените бактерии кон антибиотици.
За примена или не на антибиотиците треба да одлучи вашиот лекар!