Во нашата земја секоја година се дијагностицираат повеќе од 750 случаи на рак на дојка, најчесто кај жени кои спаѓаат во возрасната група од 45 до 49 години и од 55 до 59 години.
Ракот на дојката е еден од најизлечливите облици на рак.
Ракот на дојката почнува со една абнормална клетка која неконтролирано се дели, при што постепено се создава тумор. Туморот станува малигнен, или канцерозен, кога неговите клетки ќе нападнат и други ткива. Некои тумори растат брзо, а за некои се потребни и десет години пред да бидат откриени.
Фактори:
–возраст. 80% од ракот на дојката се наоѓа кај жени над 50-годишна возраст.
– фамилијарна историја на рак на дојка кај мајка или сестра.
– поседување на BRCA1 и BRCA2 гени имаат 80% шанси за развој на рак на дојка во некој период од животот.
– историја на абнормални биопсии на дојките од претходна историја на рак на дојка.
– добивање прва менструација пред 12 години или навлегување во менопауза по 55 години.
– немање деца или добивање на првото дете по 30 годишна возраст.
– секојдневно консумирање два или повеќе алкохолни пијалаци.
– дебелина и високомасна исхрана.
– изложеност на дојките на радијација.
– постменопаузална хормонска заместителна терапија.
Симптоми:
-Болна или безболна грутка во градите; промена на големината и формата на брадавиците; промени на кожата на градите; секреција на брадавицата (серозна, гнојна, млечна и крвава), може да се појави повраќање, гадење, болки во коските, отоци, општа слабост и малаксаност.
Ако забележите некои од овие симптоми веднаш одете на консултации со доктор.
Најдобри шанси за успешно лекување на ракот на дојката е истиот да се открие што порано затоа една од најважните работи е самопрегледувањето барем еднаш месечно, редовните скрининг мамограми (Основен мамограм треба да биде направен на возраст од 35години).
Ракот на дојката е болест која е опасна по животот и точното дијагностицирање и соодветниот третман е од клучно значење за контрола на болеста. Опциите за третман вклучуваат хирургија, хемотерапија, зрачење, како и употреба на биотерапевтици.