Отитис претставува воспаление на средното уво, кое најчесто се јавува кај доенчиња и мали деца, а многу поретко кај возрасни. Може да биде акутно и хронично. Кај возрасните најчесто е резултат на настинка, воспаление на грло или нос кои не се лечат воопшто или со соодветна терапија.
Увото се состои од три дела: надворешно, средно и внатрешно.
Средното уво е поврзано со носот и грлото преку таканаречена Евстахиева туба, па така сите инфекции од носот и грлото може да се пренесат на средното уво. Евстахиевата туба обично кај децата е пократка и порамна отколку кај возрасните, па затоа тие најчесто страдаат од ова воспаление.
Доколку воспалението ја зафати шуплината на средното уво тогаш настанува акутно гнојно воспаление. Може да настане и заради неправилно дување на носот, или заради алергија или настинка. Скоро секогаш инфекцијата започнува со кивавица – затнат нос со обилен секрет, кој потоа се слива низ грлото и предизвикува кашлица. Симптомите се болка во увото, покачена телесна температура (не секогаш), намален апетит, главоболка, нерасположение, а понекогаш и дијареа.Ушното тапанче кај воспалението на средното уво се опишува како црвено испакнато, а при негова перфорација доага до излевање на гнојна содржина во надворешниот ушен канал.
Пациентите со воспаленија на надворешно и средното уво кај кој не се постигнува лекување со применета терапија, треба да бидат упатени на оториноларинголог.