СИДА/AIDS (Acquired immunodeficiency syndrome) е состојба која се карактеризира со постепено намалување на отпорноста на организмот кон инфекции. Предизвикана е од ХИВ (HIV-Human immunodeficiency Virus), според тоа СИДА-та е терминална фаза на ХИВ инфекција.
ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ХИВ
-Примарна ХИВ инфекција: Непосредно по контактот со ХИВ,
-Клиничка латенција: По примарната ХИВ инфекција, може да поминат многу години без никакви симптоми на болест.
-СИДА: Како резултат на постојано размножување на вирусот во тек на подолг временски период, настанува постепено намалување на одбрамбената способност на организмот. Затоа во овој краен стадиум на ХИВ инфекција може да се јават различни заболувања (опортунистички инфекции) и малигни болести кои се главна причина за болест и смрт од ХИВ инфекцијата.
ИЗВОР НА ЗАРАЗА
-Секрети и екскрети преку кои може да се пренесе ХИВ инфекцијата кај луѓето се: крв, сперма, вагинален и цервикален секрет, мајчино млеко, секрет од рана, цереброспинална течност, плврална течност, синовијална, перитонеална, перикардијална и амнионска течност.
НАЧИН НА ПРЕНЕСУВАЊЕ
-Аплицирање на дрога кај интравенски корисници;
-Хемодијализа;
-Тетовирање, акупунктура;
-Трансплантацијата на органи и ткива;
-Професионална трансмисија – ги вбројува здравствените работници кои не ги почитуваат општите мерки за заштита;
-При ризичен сексуален контакт, ризикот изнесува 10-15%,
-Вертикална трансмисија – во тек на бременост, породување или доење.
Третманот на ХИВ е сложен, мултидисциплинарен процес во кој се вклучени повеќе групи на лекови: лекови кои делуваат директно на вирусот (антиретровирусни лекови), лекови кои делуваат на причинителите на опортунистички инфекции, и лекови за одржување и подобрување на имунитетот.
ХИВ-тестот е специфичен тест со кој се утврдува или отфрла постоењето на ХИВ во организмот со земање најчесто на примерок крв или плунка. Периодот кога треба да се направи тестот е најмалку 3 месеци од последното ризично однесување. За дијагностика се користат брзи Rapid test, ELISA и WESTERN BLOOD конфирматорен тест. Во Република Македонија постојат 14 советувалишта за ДДСТ каде може да се добие советување пред и по изведувањето на дијагностичкиот тест и од стручни лица да се процени ризикот за појава на ХИВ инфекција.