Синдромот на скршено срце е резултат на зголемено ниво на стрес хормоните, најчесто како резултат на силен емотивен или физички стрес. Се појавува при ненадејно откривање на болест, губење на блиска личност или доживување на некаква несреќа. Синдромот ги имитира симптомите на срцев удар и најчесто се одликува со губење на воздух и болка во градите.
Обично е предизвикан од многу стресни ситуации, како смрт на некој близок.
Причини за синдром на скршено срце
Се смета дека кога имате синдром на скршено срце, вашето тело ослободува хормони на стрес кои привремено ја спречуваат способноста на вашето срце да пумпа како што треба, а делот од срцето наречен лева комора привремено слабее и престанува добро да пумпа. Експертите исто така веруваат дека вашите коронарни артерии, кои го хранат срцевиот мускул со кислород, имаат грч. Ова може да предизвика болка во градите. Моментното „замрзнување или „зашеметување“ на вашето срце може да направи проблеми со циркулацијата.
Ако синдромот на скршено срце не се лекува, може да биде смртоносен како срцев удар.
Најчестите знаци се болка во градите и отежнато дишење.
Вртоглавица или несвестица
Низок крвен притисок
Гадење
Неправилно чукање на срцето
Обично симптомите започнуваат неколку часа откако сте имале стрес или шок.
За овој синдром не постои конкретно лекување, со помош на стручно лице напредокот е сигурен.