Во тек на вирусните инфекции на горниот респираторен тракт често доага до собирање на течност во параназалните синуси. Бактериски суперинфекции настануваат кај околу 5% од колекциите на течност во синусите. Дијагнозата на бактерискиот синузит се темели врз клиничкиот наод при што само наодот на колекција на течност не е доволен за поставување на дијагнозата. КТ на синусите е корисна дијагностичка метода, особено во случаите со слаб одговор на применетата терапија.
ПРИЧИНИ И СИМПТОМИ
Симптомите на синузит се дополнително или константно кивање, нос кој тече, блокада на двете ноздри, главоболка и притисок на главата, очите и лицето. Главоболките предизвикани од синузит вообичаено се чувствуваат на челото и налицето веднаш под очите. Пациентот може да пати од слаба треска, недостаток од апетит и отежнето дишење. Синузитот се појавува поради воспалувањето на синусните премини и пресекреција на слуз од носот и грлото.
Синузитот е поделен на акутен (од 3 до 8 недели), хроничен ( од 3 месеци до неколку години) и повторлив (неколку напади во текот на годината) .
ЛЕКУВАЊЕ
Лекувањето на синуситот е комплексно, долготрајно според докажаната бактерија. Во почетокот се даваат пеницилински препарати. Ако во 3-4 дена нема подобрување, се даваат антибиотици со широк спектар. Лекувањето трае 10 до 14 дена. Ако болеста е многу тешка се лекува во болница со високи дози на цефотаксин или цефтриаксон во венска инфузија. Симптоматската терапија е задолжителна за дренажа на секретот со локални медикаменти во првите три-четири дена. Ако е докажана алергична компонента, детето страда од алергична болест на респираторниот систем, тогаш има потреба од задолжително докажување на алергичната компонента и лекување на истата со антиалергична терапија, општо и локално.
КОМПЛИАКЦИИ
Компликациите од нелекување на субакутен или хроничен синусит се гнојно воспаление на мозокот – апсцес, спуштање на инфицираниот секрет во долните дишни патишта со рецидивни бронхити и деформитети на бронхијалниот ѕид до комплетно проширување на бронхите – бронхиектазии и со можно оштетување на белодробното ткиво.