Tinnitus е звук кој се јавува во внатрешното уво, а воедно е и моментална психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и главата без да постои реален звук во околината. Звукот се претставува различно и тоа како еден гласовит звук, вид на зуење, како ѕвонење, како јака позадинска бука, сличен како течење на вода, како пискање, како звук од морска школка. Овие звуци може да се слушаат повремено или постојано и со различна гласност.
СИМПТОМИ:
-звуци во ушите, на пр.ѕвонење, шумови, брмчење, свирење; звуците се јавуваат одвреме-навреме или се постојани, понекогаш губење на слухот.
Тинитусот предизвикува:
-непријатно чувство, проблеми со концентрацијата и спиењето, може да влијае и на работата и на личните односи, психолошки нарушувања.
ПРИЧИНИТЕЛИ
-создавање ушна кал, тумор на слушниот нерв, дупнато ушно тапанче, изложеност на силни звуци, изложеност на ненадејна, многу гласна бучава, оштетување на ушниот полжав поради стареење, нарушување на внатрешно уво, висок крвен притисок, алергии, анемија, намалена работа на штитната жлезда, синдром на виличен зглоб, стрес.
КОНВЕНЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА
-Ако причина за тинитус е вишокот ушна маст, лекарот ќе ја исчисти со мала пумпа или стапче со вата на врвот.
-Ако имате инфекција на увото, може да ви препишат капки за уво кои содржат хидрокортизон, за намалување на чешањето, и антибиотик против инфекции.
-Ако тинитусот е последица на синдромот на виличен зглоб, лекарот, веројатно, ќе ве упати кај ортодонт или друг специјалист за заби поради соодветно лекување.
-При хроничен тинитус се дава интравенски лидокаин.
ИСХРАНА
За да се подобри циркулацијата во ушите, внесувајте помалку заситени масти и холестерол.Проучувањата покажале дека многу луѓе кои боледуваат од тинитус не внесуваат доволни количества витамин Б12 и витамин А .