УБОД ОД ИНСЕКТ
Во овој период од годината, убодите од комарци, пчели, оси, пајаци, крлежи и други инсекти се честа појава, особено ако се престојува во природа. Не секој убод е опасен по здравјето и во најголем број на случаи поминува со народни лекови, но во случаи на алергиска реакција потребна е медицинска помош.
Симптоми:
Розев или црвен оток на местото на убодот, интензивно чешање, печење, уртикарија.
Третман:
Да се промие со благ сапун и вода и да се користат ладни облоги за да се намали чешањето, доколку го забележите осилото, внимателно отстранете го така што ќе ја протриете кожата со пластична картичка, при појава на уртикарија, се препорачува употреба на антихистаминик.
Убодот од некои инсекти може да предизивика сериозни последици, тие се преносители на заразни болести, крварење, сериозна алергиска реакција, односно анафилактичен шок. Знаците на анафилактичка реакција вклучуваат оток на јазикот и грлото, потешкотии со дишењето и нагони на повраќање.
Доколку се забележат вакви симптоми, треба да се повика Итна Медицинска Помош.
Како природни средства за заштита од каснување се препорачува употребата на етерични масла добиени од соја, мента и еукалиптус. Етеричното масло од цитронела, иако во помал степен во споредба со претходните, исто така покажува ефикасност во борбата со инсектите.
Периодот од денот во кој инсектите се најактивни зависи од типот на инсектот. Женските комарци на кои им е потребна крв за да ги снесат своите јајца се најактивни во предвечерните часови. Пчелите, осите и мувите, делуваат кон средината на денот кога е најтопло. Крлежите се активни во било кој дел од денот, додека пак пајаците напаѓаат само кога се чувствуваат загрозени.