Летното сонце може да биде голем проблем ако не знаеме колкава штета може да нанесат УВ зраците. Добивањето на темен тен е целта на многумина, но безбедното потемнување без изгореници, пеги, брчки, прерано стареење на кожата или останати кожни заболувања треба да ни биде на прво место.
За разлика од видливата сончева светлина која можеме да ја видиме и сончевата топлина која можеме да ја почувствуваме, УВ зраците не можат да се видат со човечко око. Ваквите зраци може да прават оштетувања на кожата без ние да сме свесни за тоа. Постојат неколку вида на УВ зраци и тоа: УВА, УВБ и УВЦ зраци. Ултравиолетовото зрачење може да биде причина за многу кожни заболувања вклучувајќи го и ракот на кожата. Тоа може да ја оштети клеточната ДНК на кожата, што придонесува за појавата на рак на кожата.
УВ зраците се најсилни помеѓу 10 и 16 часот во текот на денот, и во пролет и лето во текот на годината. Луѓето што живеат во земјите каде што грее сонце во текот на целата година се соочуваат со поголем ризик од кожни заболувања како резултат на зголеменото УВ зрачење. УВ зрачењето е поголемо на повисоките места.
Заштита од УВ зраци:
Квалитетни креми за сончање
Практикувајте утринско сончање
Употребувајте соодветна облека за заштита од сонцето
Избегнувајте „пржење“ на плажа
Избегнувајте изложување на сонце од 10-17 часот
Внесувајте што е можно повеќе вода и природни сокови.