Да се храните здраво не значи да бидете на строга диета, да бидете екстремно слаби и да се откажувате од храната која најмногу ја сакате. Хранете се здраво пред сѐ за се чувствувате убаво, за да имате повеќе енергија и за да го стабилизирате вашето расположение.
Наместо постојано да се заморувате со броење на калориите кои ги внесувате и да ја мерите големината на чинијата, повеќе обрнете внимание на бојата, разноврсноста и свежината на храната. На овој начин изборот за здрава храна ќе ви биде полесен. Одбирајте ја храната која ја сакате и наоѓајте лесни рецепти кои содржат најмаку 5 свежи состојки. Постепено вашата исхрана ќе стане поздрава и повкусна.
Со текот на годините можеби нема да можете да ги јадете сите продукти кои порано сте ги јаделе, но сепак здравата храна е сеуште битна без ралика на возраста.
Еве неколку совети:
- Одберете многу овошје и зеленчук во различна боја;
- Погрижете се да повеќето житарици (како што се оризот и тестенините) да бидат цели;
- Пијајте нискокалорично млеко или обезмастено млеко;
- Одберете немасно месо, риба, грав, јајца и јаткасти плодови;
- Избегнувајте ги транс мастите и заситените масти, холестеролот, солта и шеќерот;
Каде да јадеме?
Треба да го елиминираме јадењето во автомобил, автобус, воз, шетајќи, стоејќи или раговарајќи по телефон. Наместо тоа, би требало да практикуваме да ги консумираме нашите оброци седејќи на маса.
Кога да јадеме?
Би требало да јадеме на секои 4 до 6 часа во текот на денот, а не да чекаме додека стомакот не ни закркори.