Мултипла склероза е болест на централниот нервен систем (ЦНС), односно на мозокот и ‘рбетниот мозок. Се работи за воспалителна состојба изразена со црвенило и топлина, оток и болка. Воспалениот дел прекинува да функционира.
Таа болест се случува кога имунолошкиот систем погрешно ги насочува супстанциите кои ги штитат нервните влакна во мозокот и ‘рбетниот мозок.
Секој може да заболи од Мултипла Склероза, но жените се двојно поподложни на оваа болест, а обично се открива на возраст од 15-60 години, шансите да заболите од Мултипла Склероза се поголеми ако во вашето семејство постои историја на оваа болест. Меѓутоа, ризик од оваа болест постои и ако сте активен пушач.
Симптоми:
Слабост и замор, Проблеми со видот, Болка и грчеви во мускулите, Проблеми со бешиката, Проблеми со помнењето;
Ако се посомневате дека имате МС задолжително јавете се на својот лекар. Одете на преглед на очите и кај психолог, но најважно е своите симптоми редовно да ги контролирате, бидејќи мултиплекс склерозата тешко се открива.
Важна третманска цел кај овие пациенти е да се намали активноста на болеста колку е можно порано со цел да се забави прогресијата на инвалидноста. Засега не постои лек за Мултипла Склероза, оние кои се употребуваат имаат за цел да ја модифицираат болеста со цел превенција на акумулација на инвалидноста, намалување на симптоми и оптимизација на квалитетот на живот.